Ќе забележите резултати: Постои диета која е како создадена за сите љубители на леб

|

Двопек диетата е идеална за луѓе кои сакаат да ослабат, а не можат да се откажат од леб!

Двопек диетата се спроведува со многу овошен сок и чај. После пет дена, треба да паузирате, а во меѓувреме не треба да претерувате со јадење. По пауза од два дена, започнете ја диетата повторно, и така по ред, сè додека не ја достигнете посакуваната тежина.

Пред држење на диетата консултирајте се со доктор.

1 ден

Доручек: 1 двопек, шоља бело кафе, јаболко

Ручек: 2 двопека, 2 јогурти (во чаши), 2 тврдо варени јајца, 1 домат

Вечера: 1 двопек, 1 јогурт, 1 варено јајце, 1 домат

2 ден

Доручек: Исто како претходниот ден.

Ручек: 1 двопек, 1 јогурт, 1 варено јајце, 1 домат

Вечера: Исто како и ручекот.

3 ден

Доручек: Исто како претходните денови.

Ручек: 1 двопек, 250 грама свежо кравјо сирење, 1 зелена салата (зелка), 1 кисела краставичка, 1 домат

Вечера: 1 двопек, 125 грама шунка, 1 домат.

4 ден

Доручек: Исто како претходните денови.

Ручек: 1 двопек, 3 парчиња од говедско месо со варен зеленчук, 1 домат

Вечера: 1 двопек, 1 јајце, 1 јогурт.

5 ден

Доручек: Исто како претходните денови.

Ручек и вечера: бело пилешко месо со многу зеленчук (подготвено без маснотии). Тоа поделете го на два оброка.