„Кеба претерува“ – Миле Китиќ со критика за колегата

ИЗВОРНов Лист
|

На пејачот Миле Китиќ не му се допаѓа споредбата со Драган Којиќ Кеба. На прашањето на водител дали со себе носи огледала како Кеба, Миле одговори:

– Немам огледало. Не претерувам до толку…

Марта е таков тип, јас сум повеќе како татко ми. Тој можеше да носи една кошула два-три дена, а мајка ми го следеше и му велеше да се пресоблече. Јас сум некој што живее спорт, па така се облекувам. Најмногу сакам да носам патики и тренерки – изјави Китиќ.

– Така одам и на вечера, а Марта е шокирана. Ми вели да се пресоблечам затоа што сум јавна личност и некој така ќе ме слика. И во право е. Човек треба да се грижи за себе. Се трудам колку што можам да се грижам за мојот изглед.