Кејти Пери за време на настапот ги скина панталоните и ја насмеа публиката: „Може ли да добијам трака?“

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Кети Пери (37) е член на жирито на овогодинешното шоу „Американски идол“, а во последната епизода од шоуто за таленти и пукнаа кожените панталони пред сите. Но, духовитата Кети веднаш најде решение за овој потенцијален срам.

Се се случи додека таа го пееше својот голем хит „Teenage Dream“. Натпреварувачите ја наговориле да импровизира, таа клекнала и запеала рефрен, а потоа се слушнал звук како нејзините црвени панталони пукаат.

– Може ли да добијам трака? духовито прашала Пери.

Таа со раката ја покри новоформираната дупка и се упати кон асистентите на снимањето. Другите двајца членови на жирито, пејачите Лајонел Ричи (72) и Лук Брајан (45) не покажаа колегијалност, и само се смееја на ситуацијата. Но, Брајан на крајот и помогна да ја затвори пукнатината.