Манекенката и реалити ѕвезда Кендал Џенер е позната по тоа што отворено зборува за нејзината борба против акните и проблематичното лице.
Таа признава дека многу често ја менува рутината за убавина, во согласност со потребите на нејзината кожа, а манекенката не крие дека тоа и се случува и три-четири пати годишно.
Со оглед на тоа дека без двоумење зборува за својата проблематична кожа, Кендал реши маската за лице што ја прави дома да ја сподели со остатокот од светот.
Третманот за кој Кендал верува дека и ја променил кожата и и донел многу придобивки е едноставна маска од авокадо, која можете сами да ја подготвите во вашата кујна.
– Маската се прави супер едноставно, и совршено ја хидрира кожата и ја прави сјајна и здрава – објасни Кендал, која навистина може да се пофали со исклучително убав тен и негувана кожа.
Сè што ви треба за оваа маска се следните состојки:
-1/2 авокадо, 2 лажици овесни снегулки, 1 лажица мед и 3 капки масло од лаванда.
Авокадото треба да го испасирате со вилушка, а потоа да ги додадете останатите состојки и да измешате се.
– Ја нанесувам маската на лицето и ја оставам да делува 20 минути, а потоа ја мијам со млака вода – заклучи Кендал.