Балканската публика допрва ќе слушне за нашата Малиша од Скопје.
Таа сними песна на српски јазик и потпиша договор за соработка со продкцуската куќа “IDJTUNES” (АЈДИЏЕЈ).
Песната носи наслов “Теби се предајем” која е во денс и модерен ритам.
Инаку Малиша е нејзино уметничко име, за тие што можеби не ја познаа, Малиша е Елеонора, ќерката и ученичка на покојната кралица на ромската музика – Есма Реџепова.
Ова е нејзината прва песна и видеоспот.
Елеонора ќе продолжи да настапува како Малиша. За „Фокус” раскажува дека промената на името е чекор на кој се решила најмногу поради големата љубов кон својата внука од брат, Мали, која ја немала видено цели седум години и многу и недостигала.
-Од љубов кон Мали, но и од тага поради тоа што долги години не сум ја видела, јас решив да си го променам името и да ја продолжам кариерата како Малиша. Таа е ќерка на мојот брат и живее во Америка. Последен пат ја видов кога имаше две години, сега веќе е голема девојка и наполни девет години. Многу ми недостига, ова е во нејзина чест – вели Малиша.