Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ се огласи по написите дека песните на татко и се забранети во „Ѕвездите на Гранд“

|

Ѓорѓе Давид, член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ изјави дека семејството на музичарот Ѓорѓе Балашевиќ забранило неговите песни да се пеат во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

По тој повод, сега се огласи и ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ, Јелена Балашевиќ.

– Никој од „Гранд“ не не контактираше да не праша дали кандидатите може да ги пеат песните на Ѓорѓе Балашевиќ во тоа музичко шоу, вели Јелена на почетокот.

– Најдобро е да ја контактирате фондацијата Ѓорѓе Балашевиќ која ги знае деталите околу изведбата на песните. Во нашето семејство има повесели теми отколку да се занимавам со Ѓорѓе Давид и неговите изјави, додава таа за блиц.рс

За потсетување, Ѓорѓе Давид истакна дека некои изведувачи забраниле да се пеат нивните песни во музичкото шоу, а други пак барале 1 000 евра од композиција.

– Ќе ви кажам две имиња кои направија забрана, првото име е семејството на Ѓорѓе Балашевиќ, кое не дозволува да се изведуваат неговите песни, другото име е Чана која воопшто не дозволува нејзните песни да се пеат на било каква сцена. Некои бараат и по илјада евра за нумера, изјави Давид.