Ќерката на премиерот, Александра Заева годинава е матурантка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

За Александра ќерката на премиерот Зоран Заев често се пишува во медиумите, а нејзиниот беспрекорен стил на облекување е најчеста темата за која се зборува. Оваа година токму таа е матурантка, а неодамна се фотографираше за табло па фотографијата ја постави на социјалните мрежи. Пријателите и следбениците на Инстаграм и честитаа, но и дадоа и безброј позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Со средена коса, дипломска капа на главата и шминка погодна за оваа пригода, Сашка ги освои симпатиите на пошироката јавност и уште еднаш покажа како треба да изгледа една млада девојка. Таа инаку учи во средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица, но засега не открива каде ќе го продолжи школувањето.

Таа често споделува фотографии на социјалните мрежи, па така пред неколку недели исто така сподели и како беше маскирана за големиот струмички карневал, кој секоја година се повеќе привлекува внимание од јавноста.

Александра и нејзиното момче, својата маска ја споделија на Инстаграм профилот.