Километарски колони возила: На граничниот премин Богородица се чека и до еден час

ИЗВОРСкопје24
|

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 30 до 60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија.

Како што јавува А1Он дел од возачите се излезени од своите возила, а останатите свират во знак на револт поради долгото чекање.

Од седум ленти за пропуштање на возилата низ граница, работат само три. Колоните се од едната до другата страна на границата, со што станува невозможно да се пропуштаат возила од македонска кон грчка страна.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот низ другите државните патишта се одвива по суви коловози.