Ким го уништи фустанот на Мерилин Монро: Експертите велат дека парчето е трајно оштетено

ИЗВОРНов Лист
|

Откако се мачеше да се впушти во него, строгите диети и корсети, а конечно го покри отворениот патент со крзнено ќебе, изгледа дека облините на Ким Кардашијан сепак беа премногу за познатиот фустан.

Иако најпознатата светска старлета на многумина им привлече око кога се прошета рака под рака со своето момче Пит Дејвидсон на црвениот тепих на Мет Галата во легендарната тоалета, се чини дека одлуката да го позајми фустанот на Мерилин Монро за оваа пригода беше многу лоша одлука бидејќи познатото парче е непоправливо оштетено. Порталот Happy Republic открива како и зошто се случило тоа.

Имено, историскиот фустан во кој Мерилин Монро му ја отпеа песната „Happy Birthday, Mr. President“ на Џон Ф.Кенеди е трајно оштетен тврди колекционерот Скот Фортнер. Овој експерт е задолжен за автентичност и проверка на предмети и сувенири поврзани со легендарната американска актерка од 50-тите. Во објава на својот блог, тој објави фотографии на кои се гледа дека на задниот дел од фустанот недостасуваат растегната ткаенина и кристали.

Сето ова се случи откако Кардашијанката го облече култниот фустан на црвениот тепих на Мет Гела на 2 мај 2022 година, а потоа се пресоблече во реплика што го носеше до крајот на вечерта. Фортнер вели дека одлуката на сопственикот на фустанот, приватниот музеј „Ripley’s Believe It or Not“ да го позајми е неодговорна, бидејќи легендарното парче облека е означено како најпознатиот фустан во светот.