Ким Кардашијан откако ослабе 10 килограми: „Веќе не се обидувам да ослабам“

ИЗВОРНов Лист
|

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан откри како изгубила 10 килограми за три недели, се за да го облече култниот фустан на Мерлин Монро на Мет Галата.

„Гледав на тоа како улога и навистина сакав да го носам овој фустан“, рече Ким во емисијата „Тудеј шоу“.

„Оттогаш продолжив да се хранам навистина здраво“, додаде таа.

Вели дека повеќе не сака да ослабе.

„Веќе не се обидувам да ослабам, но имам повеќе енергија од кога било. Исфрлив толку многу шеќер, многу нездрава храна што јадев, па мојот живот се промени“, вели таа.

Инаку, Ким се најде на удар на критичарите бидејќи за краток период ослабе многу, но верува дека фановите нема да тргнат по нејзините стапки.