Ким Кардашијан откри како ослабела 7 килограми за само 21 ден: „Не јадев само две работи“

ИЗВОРНов Лист
|

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) ги маѓепса гледачите на неодамна одржаната Мет Гала во фустанот кој го носеше сличен на познатата Мерлин Монро, а тесниот фустан во кој се појави на црвениот тепих ја истакна и нејзината витка линија. Многумина го пофалија нејзиниот нов изглед, а по еден од најважните модни и славни настани во годината, беше откриено дека Ким ја „средила“ линијата за само три недели за да се вклопи во овој фустан благодарение на диетата од која елиминирала само две намирници.

Резултатот е седум килограми помалку и линија која го одзема здивот! – Фустанот го носеше Мерлин Монро кога во 1962 година му ја отпеа „Happy Birthday“ на претседателот Џон Кенеди. Го пробав и едноставно не функционираше. Реков да ми дадат три недели и ќе ослабам седум килограми. Тоа беше голем предизвик. Бев решена да се вклопам во него и не јадев шеќер и јаглехидрати 21 ден. Редовно имав зеленчук и протеини на моето мени. Не гладував, но бев на строга диета.

Инаку, фустанот во боја на кожа со повеќе од 2.500 рачно сошиени кристали го дизајнираше Жан Луис. Неговата првобитна цена беше дури 12.000 долари, а беше купена на аукција од ланецот Ripley’s Believe It or Not за неверојатни 4,81 милиони долари. На црвениот тепих Ким беше придружувана од нејзиниот нов партнер Пит Дејвидсон.Покрај нив, ѕвездите Блејк Лајвли со нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс, оскаровката Реџина Кинг, пејачката Алиша Кис, Сара Џесика Паркер, моделот Џиџи Хадид, но и манекенката Кара Делевињ.