Општина Кисела Вода и годинава ќе субвенционира дел од трошоците на своите жители за купување на дрва за огрев.
Право на користење на субвенцијата ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од 01 април 2023 година, се до денот на објавување на Јавниот повик, кој ќе биде распишан во месец октомври.
Предвиден е финансиски надомест од 500 денари, со влучен персонален данок, за секој купен метар кубен дрва за огрев но до максимална вкупна количина до 10 метри кубни или по 350 денари за секој купен метар просторен дрва за огрев, но до максимална количина од 14 метри просторни.
За утврдување на исполнетоста на условите за субвенционирање ќе биде формирана петчлена комисија, задолжена да ја спроведе целата постапка на принципот прв дојден-прв услужен, се’ до исцрпувањето на предвидените средства во висина од 1.200 000, 00 денари за таа намена.
Покрај субвенциите за огревно дрво, Општина Кисела Вода веќе обезбеди финансиска поддршка и за печки за пелети, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на општината. Јавните повици за овие мерки се распишани, се во тек и се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода.