Овен (21.03 – 20.04)
Ќе имате многу добра комуникација во деловното опкружување, па и ако некаде погрешите, ќе ви биде простено. Во љубовта ќе се обидувате да балансирате за некои нешта.
Бик (21.04 – 21.05)
Ве очекуваат значајни промени кога станува збор за вашето поле за финансии. Можете да се надевате на конечна стабилизација. Во љубовта ќе доживеете разочарување.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате големи и добри идеи. Потребна ви е помош од деловниот партнер за да можете да ги спроведете. Во љубовта ве очекуваат сиви денови, но ставете насмевка на лицето и не се грижете, се ќе помине.
Рак (22.06 – 22.07)
Можете да добиете некоја нова информација за конкурсот за работното место кое совршено ќе ви одговара. Во љубовта денот е поволен ако сте планирале романтично бегство од секојдневието со партнерот.
Лав (23.07 – 22.08)
Најдобро е денес да немате преголеми очекувања. Промените и важните случувања ќе мора да ги почекате. Во љубовта поволни ќе ви бидат вечерните часови, очекувајте изненадување.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе релизирате некоја нова идеја. Ќе бидете задоволни со исходот. Поволен ден кога станува збор за работата. Во љубовта ќе бидете малку несигурни и неспретни.
Вага (23.09 – 22.10)
Можете да очекувате максимална поддршка ако ја побарате. Ќе го остварите она што сте го планирале. Во љубовта ве очекува понуда за тајна врска, размислете добро.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можете да очекувате дека среќата ќе ви се насмевме. Може да ви се исплати и некој мал ризик кој сакате да го преземете со цел да заработите. Во љубовта ве очекува ново познанство, оние во врска или брак ќе бидат во стабилни односи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Немате доволно доверба во своите соработници и поради тоа ќе имате големи проблеми на работа. Во љубовта ќе сакате да флертувате, ќе сакате кратки авантури, но доколку сте во врска тоа воопшто не е добра идеја.
Јарец (22.12 – 20.01)
Деловното партнерство кое можеби ќе го склопите денес може да ви донесе голема заработка но и некои други проблеми. Саканото лице е расположено да ви угоди и да ви приреди изненадување.
Водолија (21.01 – 19.02)
Некоја ненадејна добивка на игрите на среќа би можела да ви ја врати насмевката на лицето. Пред вас е поволен ден. Доколку сте слободни ве очекува огнена средба со Вага или Стрелец.
Риби (20.02 – 20.03)
Некои нови одлуки ве очекуваат, особено ако се занимавате со приватна работа. Поволен ден за продажба на недвижности. Сакате поголема стабилност на љубовен план.