Оскаровецот Вил Смит направи невидено глупава работа кога на доделувањето на Оскари му удри шлаканица на колегата и комичар Крис Рок, кој се пошегува на сметка на изгледот на неговата сопруга Џејд Пинкет Смит.
По извинувањето што го испрати до Крис Рок, пристигнува вест дека билетите за стенд-ап шоуто на Рок се распродадени!
Крис Рок во последниот месец наплаќал билети по околу 2.450 денари, а сега билетите достигнале цена од 25.000 денари.
Организаторите на неговото шоу на Твитер објавија дека „за една вечер продале повеќе билети отколку во минатиот месец“.