Ќе ви го подобрат животот: Инспиративни мисли за животот од духовниот учител Ошо

ИЗВОРНов Лист
|

Духовниот учител со милиони следбеници ширум светот – Ошо, советува да бидеме бестрашни, бидејќи само тогаш ќе се запознаеме себеси. Ошо е познат духовен учител, филозоф и творец на филозофски движења. Роден е во мало индиски село во 1931 година под името Раџниш Чандра Мохан Џаин.

Детските години ги поминал кај своите баба и дедо, кадешто израснал без ограничувања и забрани. Години подоцна, веќе познат под името Ошо, тој вели дека всушност тоа е вистинскиот начин човек да ги помине детските години.

Во 60-те години почнува да работи како професор по филозофија на универзитетот Џабалтур во Мадја Прадеш (сојузна држава во Индија, често се нарекува „срцето на Индија“). Години подоцна, Раџниш избира да биде нарекуван „Ошо“, но тоа не е случајно.

Зборот „Ошо“ значи висок будистички монах. Почесна титула за учител и првосвештеник. Се смета дека името потекнува од санскрит и значи исто што и „господар“. Ние ви нудиме 12 совети од Ошо за подобар живот:

1. Луѓето сѐ прифаќаат толку сериозно, што тоа навистина се претвора во голема тежина за нив. Дознајте како да се смеете повеќе. За мене смеата е толку света, колку и молитвата.

2. Секоја акција, дури и незначајната, ќе доведе до брз резултат. Само останете во тишина, бидете будни и набљудувајте. Зрели човек е оној кој се гледал себеси и открил што за него е правилно, а што – не е. Благодарение на тоа што сам ја отркива вистината, тој расте во очите и авторитетот му расте. Дури целиот свет да тврди нешто друго, за него ништо нема да се промени. Тој има свое искуство, на кое може да се потпре и тоа е доволно.

3. Сите сме единствени. Никогаш не прашувајте што е правилно, а што – не. Животот е експеримент и додека тече овој експеримент треба да си разјасните што е добро, а што – лошо. Понекогаш ќе се случи да сторите нешто неправилно. Но, тоа ќе ви даде искуство, од кое може да се извлече корист.

4. Желбата да сте необични, всушност е прилично обично желба. Да се опуштите и да бидете обични – тоа веќе е необично.

5. Започнете да добивате задоволство од самите себе. Искусете ја вистинската среќа од тоа што сте со себе и ќе нема никакво значење дали некој ќе дојде кај вас. Вие сте полни и исполнети. Кога ќе се постигне ова, вие сте подготвени да градите односи со другите.

6. Слушајте со повеќе внимание. Разбудете се. Отворете ги широко очите. Набљудувајте. Слушајте и ќе слушнете.

7. Храброста е движење во неизвесното. Неизвесност од сите стравови. Храброст, сепак не е бестрашност. Бестрашност е кога станувате сѐ повеќе храбри и похрабри. Тоа е високо искуство. Бестрашноста е апсолутна храброст. На самиот почеток, разликата помеѓу кукавица и авантурист не е толку голема. Единствената разлика е дека плашливецот ги слуша слуша своите стравови, а смелиот ги остава настрана и продолжува напред. Тргнува во неизвесното, независно од сите стравови.

8. Животот е тајна. Не може да биде претскажан. Има многу луѓе кои сакаат предвидливо да го живеат, затоа што тогаш не би имало страв. Сѐ би било точно дефинирано, не би имало сомнежи во ништо.

9. Менувајте се секој момент. Вие сте реката. Денес, таа тече во една насока и во една зона на климатизација, утре – во друга. Никогаш не сум видел исто лице двапати. Тоа се менува. Но, треба да имате прецизни очи за да ја видите оваа промена. Инаку, се спушта прав и сè станува вулгарно, се чини дека сè веќе се случило.

10. Љубовта се случува само кога си зрел. Стануваш способен да сакаш само кога си израснал. Кога знаеш дека љубовта не е потреба, туку прелевање – душевна љубов или дадена љубов. Тогаш ја подарувате без никакви услови.

11. Милосрдие е виша форма на љубов.

12. Она, што ве учи е моментот, слободата на моментот и одговорноста на моментот. Во овој момент едно нешто може да е правилно, а во следниот да е погрешно.