Џенифер Лопез неодамна настапи во дует со својот „омилен пејач во историјата“, односно со ќерката Ема, која ја доби во бракот со Марк Ентони. На настапот пејачката и се обрати на ќерката со родово неутрална заменка „тие“.
“Последен пат кога вака пеевме заедно беше на ваков голем стадион и цело време ги молев да пеат со мене, но тие не сакаа. Затоа ова е многу посебна пригода”, изјавила пејачката.
“Тие се многу зафатени и резервирани. И скапи”, додаде Џенифер Лопез, нагласувајќи дека “тие вредат секој денар”.
Џенифер Лопез настапи на хуманитарен настан на стадионот Доџерс во Лос Анџелес, а Ема со неа ја изведе песната „A Thousand Years“. Додека пееше, Ема имаше микрофон со боја на виножито.