Џина Џиновиќ го прослави роденденот во друштво на своето момче и пријателите.
Ќерката на познатиот пејач Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, Џина Џиновиќ наполни осумнаесет години, а роденденот го прослави во друштво на пријател и нејзиното момче, фудбалерот Андреј Ѓуриќ.
Таа е многу активна на социјалните мрежи, па на своите следбеници им покажа како го прослави полнолетството. Најпрво се почасти од шопинг, а потоа дуваше свеќички на роденденската торта од розови и златни тонови, на која стоеше голем број 18 и беше испишано нејзиното име.
Наследничката на Харис и Мелина не симна насмевка, на една фотографија „влета“ нејзиното милениче, а од следбениците на Инстаграм доби бројни честитки. Покрај тоа, таа објави и фотографија со родителите кога таа била сè уште бебе.