Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ, ги избриша сите објави од својот TikTok и повеќето објави од Инстаграм, откако неодамна се соочи со критики на социјалните мрежи.
Таа во една од последните објави покажа дел од луксузна семејна вила во Белград, а Џина која првпат го покажа местото каде живее, набрзо реши да ги избрише објавите од своите профили. Таа ги избриша сите објави од ТикТок каде ја следат 118 илјади луѓе, а на Инстаграм каде има над 50 илјади следбеници.
Нејзината мајка Мелина е од Загреб, а во една прилика откри дека не била среќна што нејзините деца ќе имаат профили на социјалните мрежи, но морала да попушти.
„Тоа е секојдневно молење да им се дозволи, бидејќи тие се единствените во општеството кои го немаат, но јас им го кажав своето размислување. На Инстаграм сите имаат стомачни, сите се на Малдиви, сите имаат Ролекс и Хермес чанта и никој нема факултет. На Инстаграм немам видено слика дека некој е во библиотека или дека некој учи. Имам став дека ова е големо зло на нивна возраст и не треба да им биде достапно. “, изјави таа за медиумите.