Клиниката „Жан Митрев“ уште минатата недела ги понуди сите свои кацитети на граѓаните на државава, во однос на новонастананата состојба, информираат од клиникaта во соопштение до јавноста.
„До Министерството за здравство упативме податоци за сите наши капацитети и од вработен персонал и од техничко –технолошка опременост во насока на искористување за потребите на државата, а по план и програма што ќе ги одреди или побара од нас ресорното министесртво. Во таа насока уште еднаш потенцираме дека понудивме 40 респиратори за возрасни, 6 за деца и 2 транспортни инкубатори за новороденчиња“, посочуваат од „Жан Митрев“.
„Нашата клиника спроверува најригорозни мерки за заштита од виpycот во целиот објект на клиниката, сѐ со цел врвна безбедност и сигурност на сите пациенти, посетители и вработени.
Ќе Ве молиме сите да се придржувате до препорачаните мерки од ресорното министерство со цел заштита и превенција од вирусот. Тука сме за Вас со полн капацитет. Клиничка болница „Жан Митрев“ се грижи за Вашето здравје!“, се порачува во соопштението.