Холивудскиот актер Џорџ Клуни се огласи во врска со Меган Маркл и статусот на војвотката од Сасекс во медиумите.
Тој ја спореди нејзината ситуација со онаа во која беше принцезата Дијана, мајката на нејзиниот сопруг Хари, и додаде дека медиумите вршат преголем притисок врз Меган.
„Бремена е, а ја прогонуваат и ѝ вршат притисок исто што порано ја притискаа Дијана, а сите знаеме како заврши таа ситуација“, рече Клуни алудирајќи на сообраќаната несреќа во која загина принцезата од Велс во 1997 година, откако ја бркаа папараци.
Тој исто така откри дека можеби ќе биде кум на бебето на Меган и принцот Хари што треба да се роди во април.
Клуни не е единствениот кој застана во одбрана на Меган. Пет жени од потесниот круг нејзини пријатели решија да прозборат за целата ситуација за магазинот People.
„Мег молчи и трпи, не се огласуваше и не реагираше на многу лаги. Се плашиме дека тоа може да ѝ наштети нејзе или на бебето. На никого не треба да му се создава толку стрес, а особено не на трудница“, велат тие.