Коце Трајановски со болка се прости од Беличанец: „Замина без збогум Биле” , Васил Зафирчев најемотивно ја опиша актерката

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, се прости на Инстаграм од својата колешка, актерката Билјана Беличанец Алексиќ.

– „Почивај во мир моја драга Б.Б“, напиша Џамбазов.

И актерот Васил Зафирчев се прости од својата колешка Билјана Беличанец, која вчера беше пронајдена во својот стан.

„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“-напиша тој.

Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти…

Gepostet von Васил Зафирчев am Sonntag, 7. April 2019

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, со уште една потресна порака се прости од актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која беше и поранешна градоначалничка на Кисела Вода.

– Замина драга пријателке без да се поздравиме, замина без да кажеш збогум. Беше среќна на даските што живот значат а за нас пријатно чуството и радост кога те гледавме на нив. Се бореше со огромна енергија за секој дел од Кисела Вода да направиш нешто подобро. Твоите барања кон градот и кон мене беа со љубезност, молба и желба за подобара општина. Јас, насмевка и среќата успевав да ти изнудам на секоја средба и за секој проект што го направивме за Кисела Вода. Ќе ни недостигаш. Најди мир во вечноста Биле, напиша поранешниот скопски татко Коце Трајановски.

Замина драга пријателке без да се поздравиме, замина без да кажеш збогум. Беше среќна на даските што живот значат а за…

Gepostet von Коце Трајановски am Sonntag, 7. April 2019

Актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски, сподели со јавноста една анегдота поврзана со актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера беше пронајдена по*ината во својот дом. Случката која ја раскажува Тасевски ја доловува потребата на Беличанец да биде во својот матичен театар, каде работела од 1997 година, пишува Фокус.мк

„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски на својот фејсбук профил.

И останати колеги се простија на големата актерска ѕвезда, “Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан”, напиша актерот Драган Спасов-Дац за својата колешка која сношти беше пронајдена м*тва во стан во Скопје.

“Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.Замина во Недојдија”, објави Дац на својот Фејсбук профил.

Од неа со голема тага денеска се прости и актерката Јелена Жугиќ.

– Почивај во мир драга Беличанец и во вечноста пронајди го она што овде не можеше. Бескрајно ќе ни недостасуваш, напиша таа.

Професорот Горазд Росоклија се потсетува на еден негов статус од пред неколку години, во кој ја коментира претставата „Љубовници“, каде играше и Беличанец- Алексиќ.

ВЧЕРАШНАТА ПРЕМИЕРА НА

,,ЉУБОВНИЦИ” – Катерина Коцевска

Претставата се гледа, се слуша и се доживува во еден здив.

Од кревањето на завесата и појавата на софистицирано убавата и раскошно талентирана Билјана Беличанец Алексиќ, до моментот на спуштање на завесата, последната љубовна прегратка и размислувањето кое е во вас, што сега кога сум (или не сум) заљубен, кога знам кој сум, каде од тука?

Карактерите на личностите се обмислени на ниво на карактерите кај Шекспир и Достоевски. Комплексни, логични.

Билјана Беличанец Алексиќ, Маја Вељковиќ Пановска, Драган Спасов Дац и Зоран Љутков ги играат со таква леснотија, што вие како гледач заборавате дека пред себе имате глумци кои САМО го глумат карактерот.

Кога Билјана моли за љубов, половина сала, мажите, имаат порив да скокнат на сцената да и ја пружат.

Маја, со најмалку зборови од сите ликови, ви предизвикува најснажни емоции и емпатија за жените чија животна судбина е слична, а нив ги има многу меѓу нас.

Што да кажам за Дац и за Љутков? Брилјантни!

Ако за момент ги нема на сцената, се фаќате себе си како мислите на нив и на нивното следно појавување.

Кога Дац (доктор), се што е проблем и лична драма за Љутков, оценува како ,,ништо”, ,,нормално”, ме потсетува на коментар кој многупати сум го чул:,,верувам дека си добар доктор, но дома си никаков, за тебе се е ништо”.

Дац на сцената е вистински доктор и при секое појавување доминира со сцената како што некогаш, како дете, доживував дека доминира Илија Џувалековски-Личко.

Во ,,Љубовници”, секој лик знае кој е, само Љутков се открива себе. И тој тоа го прави со наивност на дете кое откривајќи се, открива постоење на еден свет кон кој до тој момент ги гаел предрасудите на мнозинството околу него. Различен од нас во дел од интимата, а подобар, почесен и поискрен од повеќето ние.

Љубовници се доживува во еден здив, а после претставата имате желба да разговарате за тоа кој сте вие, што вас ве прави среќни и каде сакате да одите од тука, од моментот во кој сте.

Ние, друштвото, останавме до зори во разговор.

ЗА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ

Gepostet von Gorazd Rosoklija am Samstag, 6. April 2019

Тука е и актерката Јелена Јована која со емотивна порака се прости од нејзината постара колешка, Билјана Беличанец

„Се надевам дека сега си на подобро место…
Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…
Толку многу даде, а уште колку многу остана….
Тешко и за неверување маме..
Ти благодарам за СЕ!
Почивај во мир Билјана Беличанец“-напиша Јелена.

Се надевам дека сега си на подобро место…Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…Се надевам дека таму…

Gepostet von Jelena Jovanova am Sonntag, 7. April 2019