КОД во своето ново издание продолжува со истражувањето за трансакциите на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија преку Еуростандард банка.
Жителите на Венецуела кои биле директори на фирми во Скопје во таканаречениот мал Каракас доаѓале преку Бугарија и останувале по неколку денови.
Податоците кои КОД ги откри со помош на извори- поранешни вработени во пропаднатата Еуростандард банка кажуваат дека акциите на финансиските институции од Македонија биле пробивани од луѓе во банката по што планирани и закажани трансакции се откажувале.
Меѓу 7-те директори од Венецуела, двајца се или биле дел до администрацијата на режимот на Николас Мадуро, открива КОД во вечерашната емисија во која има и интервју со Бранимир Јовановиќ кој беше советник на министерот за финансии.