„Кога беше жив, половина Скопје ти доаѓаше на роденден, денес сите те заборавија“, Турунџиева со емотивна роденденска честитка

|

Пејачката, водителката и писателка Сузана Турунџиева се потсети на нејзиниот поко ен партнер Марјан со кој ја имаат ќерката Матеа. Таа објави дека денес тој ќе наполнеше 48. години, па со горчина во душата истакна дека само малкумина уште се сеќаваат на него.

„Вообичаено на овој ден половина Скопје доаѓаше. Се собираше. Се пиеше, се јадеше, се наздравуваше. Болна и сурова вистина е дека кога човек ќе поч ине, се се заборава. Ги снемува пријателите, роднините, другарите. Со чест на малкумина, кои немаат кратко помнење.

Сакам да верувам дека таму, од другата страна не е се толку сурово, минливо. Сакам да верувам дека во Бескрајот нема толку разочарување како тука. Почивај во мир драг наш Марјан, сигурно денес околу тебе има полни софри и полни чаши“, напиша во посветата Турунџиева.