Кога бил млад Дино Мерлин имал девојка која го оставила за богаташ во Швајцарија, а овој негов хит е посветен на тоа

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот музичар Дино Мерлин денес е среќно се оженет, но како млад човек се соочил со голема тага – пред да стане познат и да заработува пари, Мерлин бил во љубов со девојка која подоцна се покажала како материјалист.

Бидејќи девојката која му го освоила срцето повеќе сакала пари, отколку љубов, таа одлучила да го напушти и да отиде со богато момче во Швајцарија, додека Дино останал сам и тажен, пишува Пинк.рс.

Кога се прославил неколку години подоцна, истата девојка се враќа во Сараево за него, а тогаш тој и ги пееше своите стихови кои со години ги пее целиот регион: “Имам сè што сакам, само едно не, барем за момент да ме сака поради мене! “.

Како што веќе знаете, станува збор за песната “Мојот живот е Швајцарија”, за кој нашол инспирација во неговиот приватен живот. Инаку, по љубовниот бродолом, Дино ја запознал Амела, со која е во брак и денес.

Круна на љубовта на Амела и Дино Мелин се ќерката Наида(32) и синот Хамза (26), кои пораснаа во амбициозни и паметни млади луѓе, чиј фокус е на градње успешна кариера. Не се дел од естрадниот свет, па затоа не може да видиме нивни фотографии од јавни настани.

Наида се занимава со информатички науки и има интернационална кариера, а може да се пофали и со завршени постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија.

Дино Мерлин ретко кога зборува за своите деца и нивните успеси во медиумите, но во една прилика истакна дека Наида не ја интересираат материјалните работи, но дека е приземна и вредна девојка.

За разлика од неа, нејзиниот помал брат Хамза, уште од кога се родил е навикнат да има се што ќе посака. – Кога ќе го прашам што му треба, не ни дочекува да ја завршам реченицата, но секогаш има листа на нарачки, истакна своевремено популарниот пејач во интервју за хрватското списание „Глорија“.