Поп ѕвездата Били Ајлиш ќе им се придружи на Симпсонови овој месец во специјална епизода на стриминг платформата Дизни +, објави пејачката.
Поп ѕвездата, заедно со нејзиниот брат Финеас О’Конел, ќе се појави во краткиот филм наречен „Кога Били ја запозна Лиза“, чија премиера ќе биде прикажана на стриминг платформата на 22 април.
Лиза Симпсон ќе ги открие Ејлиш и О’Конел додека бара мирно место за вежбање саксофон.
Музичкото дуо потоа ќе ја покани Лиза во нивното студио на специјален џем сешн.
Пејачката (20) се појавува во четвртата колекција кратки филмови создадена исклучиво за Дизни плус.
Претходните кратки филмови вклучуваат „Maggie Simpson In The Force Awakens From His Nap“ со тема „Star Wars“ и „The Good, The Bart, And The Loki“ инспириран од универзумот на Марвел.
Дуото Ајлиш и О’Конел неодамна го добија Оскарот за најдобра оригинална песна за најновиот филм за Џејмс Бонд.