Се работи за одлична логичка загатка која ќе ги збуни и возрасните.
„Алберт и Бернард штотуку се спријателиле со Шерил и тие сакаат да знаат кога ѝ е роденден. Шерил им дава листа од 10 можни датуми.
15 мај; 17 јуни; 14 јули; 14 август; 16 мај; 18 јуни; 16 јули; 15 август; 19 мај; 17 август
Потоа, Шерил одвоено им ги кажува на Алберт и Бернард месецот или денот на нејзиниот роденден, соодветно.
Алберт: Не знам кога ѝ е роденден на Шерил, но знам дека и Бернард не знае.
Бернард: Прво не знаев кога ѝ е роденден на Шерил, но сега знам.
Алберт: Тогаш и јас знам кога ѝ е роденден на Шерил.
Кога ѝ е роденден на Шерил?“
Обидете се да ја решите задачата. Доколку не можете, одговорор можете да го видите подолу.
Роденденот на Шерил е на 16 јули.