Кога Фиби од „Пријатели“ го покажува синот, сите реагираат бурно: Ова момче личи на нејзиниот колега од серијата, нешто е чудно

ИЗВОРСкопје24
|

Лиса останала бремена за време на снимањето на серијата „Пријатели”, што сега дополнително ги интригира фановите на серијата и странските медиуми.

Лиса Кудроу, најпозната по улогата на шармантната Фиби во популарната серија „Пријатели”, во 1995-та година се омажила за 18 години постариот Мајкл Стерн, француски извршен директор за реклами.

Три години подоцна на свет го донела синот Џулијан Мареј Стерн, кој денес има 21 година, но и натаму најмногу време сака да минува со својата мајка, додека Лиса истакнува дека нејзината омилена активност и е гледање на комедии со синот.

На прашањето зошто застанала на само едно дете, убавата актерка вели:

-Тоа е подарок за Џулијан, тој не сака брат или сестра. Јасно ми даде до знаење од моментот кога почна да зборува, вели таа.

Младиот Џулијан има многу таленти и страсти, моментално работи како дизајнер за специјални ефекти за филмови. Лиса останала бремена за време на снимањето на серијата „Пријатели”.

Кога и да објави фотографија со својот син, неколку стотици фанови се согласуваат дека Џулијан неодоливо потсетува на колегата на Лиса од серијата – Дејвид Швимер, кој го глумел Рос.

Очигледна е сличноста меѓу актерот и младиот Џулијан, а фановите се прашуваат дали е тоа само случајност или нешто повеќе.