Кога го видовме на ултразвукот знаевме дека ќе биде посебен – денес е вистинска атракција каде и да се појави

ИЗВОРnovlist.mk
|

Малиот Оливер Дан стана вистинска светска сензација и пред да се роди – откако лекарите и родителите ја виделе неговата снимка од ултразвукот, знаеле дека им пристигнува посебно бебе.

Малиот Оливер кога се родил воошто не изглеал како обично бебе. Имал густа коса, а денеска има пет месеци и неговата косичка е долга 12 сантимтри.
Покрај тоа косата секогаш му е бушава, што додатно на малиот Оливер му дава комичен ефект, а родителите Енџи и Брајан велат дека косата е толку нескротлива што дури и кога е мокра му е бушава.


– Изгледа како постојано да е под струен напон, вели Енџи и додава дека е вистинска атракција каде и да се појави.
– Оливер е роден со со многу коса и од тогаш не престанува да расте. Од ден во ден е се погуста и подолга. А толку е наелектиризирана што никој не може да му ја спушти.

Понекогаш се обидував со рака да му ја залижам и да му ја прилепам косата, но ништо не помага, и додава дека за неговата коса не користи ништо друго освен стандарден шампон за коса за деца.