Кога годинава се паѓа Велигден и кои се неработни денови?

|

Постите веќе се започнати, а пред нас е најголемиот христијански празник Христовото воскресение – Велигден, кој годинава православните христијани ќе го слават на 24 април (недела).

За сите граѓани на земјава неработен ден е 25 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар.

За граѓаните од православна вероисповед неработен ден е и 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден.

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ќе биде 18 Април (понеделник), вториот ден од католичкиот Велигден кој се слави ден претходно.