Кога ја основал компанијата никој не го сфаќал сериозно, денес има милијарди

ИЗВОРСкопје24
|

Кога пред нешто повеќе од 13 години ја отпочнал компанијата за производство на гејмерски додатоци, никој не го сфаќал сериозно, но Мин-Лианг Тан од Сингапур го докажал токму спротивното – тој денес “тежи” повеќе од една милијарда долари.

Тан вели дека луѓето му зборувале дека тоа е “детска игра” и дека никој не сакал да влезе во индустријата, пренесува “CNN”.

Денес, неговата компанија “Razer” е една од најголемите произведувачи на хардвер и софтвер за играње на светот, со пазарна вредност од околу 1,6 милијарда долари. Голем дел од неговиот успех бил остварен поради раното влегување во “eSports”, индустрија во која професионалните играчи се натпреваруваат за пари и обожаватели.

“Razer” дизајнира производи како што се слушалки, контролери и тастатури, но сѐ започнало во 2005 година благодарение на маус кој бил посебно дизајниран за гејмери.

“Рековме дека ќе смислиме нешто кое ќе ги “изеде сите глувци на пазарот. Со тоа, нашиот прв маус го нарековме “Razer Boomslang”, според африканската змија”. Токму футуристичкиот дизајн на овој маус го издвоил од останатите продукти во тоа време, а компанијата го продавала под слоганот кој ќе го дефинира брендот во наредните години: “Од гејмери за гејмери”.

“Razer” денес има повеќе од 1500 вработени, со две седишта – во Сингапур и Сан Франциско. Приходот на компанијата пораснал за 39% на 274 милиони долари во првата половина од 2018 година, но компанијата губи пари. Во текот на минатата година, нивните акции изгубиле речиси 60% од својата вредност, а тоа влијаело и на богатството на Тан.

Некогаш Тан бил најмладиот самоостварен милијардер во Сингапур, но според Форбс, минатата година неговата нето вредност е намалена на околу 690 милиони долари.

И покрај големата конкуренција како “Logitech”, тој е уверен дека пред “Razer” стои блескава иднина и вели дека побарувачката за напредни гејмерски производи расте, поттикната од популарноста на “eSport”.