Собранискиот спикер Талат Џафери најави дека во почетокот на месец февруари најверојатно на втори или трети ќе бидат распишани претседателските избори во Македонија. Како што изјави тој самиот не планира да се кандидира за претседател на државава и останува на функцијата прв човек на Законодавниот дом. За идејата Шефот на државата да се избира во Собранието тој вели дека треба да се направат уставни измени, а доколку не дојде до нив се останува по старо, оносно изборот ќе го прават граѓаните на регуларни избори, но истот така ќе треба да се постигне и цензусот од 40%.
„Неспорно е дека политичките партии размислуваат и ги кажуваат ставовите, но тоа подразбира нова постапка за уставни измени. Треба да се менува уставот за да се реализира таа идеја. Засега останува решението кое е уставно и да се бира директно. Јас сум претседател на Собранието и ннема потреба да размислувам за таа идеја. “ – изјави Талат Џафери.
Во врска со Законот за јазици кој помина во собраниска процедура и го чека потписот од претседателот Џафери апелира тој да не се противи и да си ја заврши својата работа, бидеки истото ќе треба да го направи и по завршувањето на постапката за уставни измени, а како што вели и без негов потпис истите може да се најдат во Службен весник.
„Нема потреба да се договарам со никого по основ на уставните надлежности. Иванов има обврска тоа да си го направи и тоа е апсолвирано прашање повеќе пати и нормално е дека ќе оди по волјата на Собранието и не може да се попречи. кога ќе ги пратам во Службен весник, тоа е моја одлука.“ – изјави Џафери.
Уверението за претседател на државата ДИК му го врачи на Иванов на 2 мај 2014 та. Според ова одржувањето на изборите ако се оди согласно уставот би требало да се биде во период од 2 март до 2 мај 2019.