Кога ќе ви се запуши одводот од мијалникот, постои трик кој проверено работи за само 20 минути (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Поголемиот број домаќинки барем еднаш во животот се соочиле со запушен одвод, но не морате веднаш да викате мајстор, постојат неколку старински трикови кои можат да ви помогнат да се изборите со овој проблем.

Воглавно најдобро е да делувате превентивно и од време на време да го чистите одводот, а најчест домаќински совет е употребата на сода бикарбона и оцет, што е веќе добро позната и пробана комбинација за чистење на загорените делови на тенџерињата, отстранување на флеки и маснотии од кујнските елементи и уште низа различни работи…

Впрочем токму овој совет го делат и челеновите на најголемиот женски форум во Србија, Ана.рс, па издвојуваме и еден друг во кој детелно е објаснета постапката за отпушување: „ Мене се ми се средува во цевките кога ставам доста сода бикарбона, па додавам оцет и оставам сето тоа да изреагира, но ставам се полека, во неколку наврати, не одеднаш, и на крајот пуштам жешка вода за да измие се. Нема непријатни мириси и се се чисти“.

Ако сепак сте пропуштиле да го исчистите мијалникот и цевките со време и сте дошле во незгодна ситуација одводот целосно да се запуши, не грижете се, и за тоа постои потенцијално решение, а својот проверен рецепт за ова го сподели една од членовите на Ана.рс.

„Испразнете ја водата од мијалникот и низ решетката во мијалникот во одводот ставете кесичка прашок за пециво, кесичка сода бикарбона и супена лажичка сол, па преку тоа налејте и литар вода. Оставете да отстои 20-тина минути и пуштете вода од чешма со цел да проверите дали ви успеало. Мене ми успеа од прва, а во прашање беше талог од кафе и маснотии“, пишува една од домаќинките членови на овој форум.