Кога мајката си го гали новороденото бебе: Снимката која ги стопли срцата на милиони луѓе

Бебето од видеото е толку слатко, што неговото уживање во мазењето со својата мајка досега освои преку 15 милиони луѓе на Фејсбук. Погледнете го ова преслатко бебенце и неговите неверојатни изрази на лицето.

Сите ние имаме потреба од топли прегратки или допири за полесно да го поминеме понекогаш и претешкото и напорно секојдневие. Меѓутоа, на бебињата нежноста им е неопходна. Реакциите на ова малечко суштество навистина ќе ви го стоплат срцето, дури и на вас кои се трудите да останете ладни на вакви неодоливи снимки.