Кога ми го изговори името ми го избриша целиот замор и ми ја врати надежта, вели Д-р Патриција од „8 Септември“ за болниот кој се извлече од респиратор

|

Момчето од Скопје на 37-годишна возраст е единствениот пациент кој се „вратил“ од под респираторна машина, а тоа се случи токму во болницата „8 Септември“ во Скопје, откако му бил даден лек „тоцилизумаб“.

Во „8 Септември“ велат дека се случило чудо со младиот пациент, зашто тој бил во многу, многу тешка општа состојба. Шефицата на Одделот за инфективни болести д-р Патриција Каламарас дала одобрување по приемот на пациентот во многу тешка состојба, да му се даде лекот „тоцилизумаб“, зашто по резултатите, тој ги исполнувал условите. Во спротивно, ако не ги исполнувал потребните услови, лекот не би можел да го прими, односно залудно би му се дал.

„Првиот мој контакт со пациентот кога се разбуди, тоа чувство на среќа јас не можам да го опишам. Го прашав: ‘Дали се сеќавате на мене кога ве примив дента?’ Ми одговори: Да се сеќавам’, по што ми го кажа и името кое ми го запамтил. Целиот замор од овие два ипол месеца ми го избриша. Се чувствувам како да сум прв ден на работа“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК докторката Каламарас.

Пациентот бил примен околу 16 април, пред 3 недели.

„Веднаш беа направени анализи, пациентот беше ставен на компјутер. За неколку дена состојбата нагло му се влоши. Потребно беше веднаш да се стави на респираторна машина. Се активиравме за додатни испитувања по протокол. Се собравме со анестезиолозите во тим, ја дадов идејата – ако ги исполни условите што се по протоколот за лекот ‘тоцилизумаб’, да го дадеме. Соработував и со Клиниката за имунологија, дадов пас да се аплицира овој лек“, раскажува Каламарас.

Младиот пациент продолжил да биде неконтактибилен на респираторна машина. Дванаесет дена Каламарас и тимот анестезиолози, интернисти и медицински сестри го следеле со контроли и анализи, кои почнале да укажуваат на одличен одговор на лекот. Резултатите се поклопувале со светските стандарди, се покажало уште веднаш дека тимот е на добар пат, лекот делува ефикасно.

„Можам да кажам дека навистина сум горда на првиот успех на ниво на нашата држава. Веќе чекаме анализи од други пациенти болни за натамошна негова употреба за нивно лекување. Имаме можност да го аплицираме лекот и кај други пациенти, ако ги исполнуваат условите “, вели раководителката на Инфективното одделение.

Целиот текст прочитајте го на СДК.МК