Кога не знаеш што да правиш, прашај ја Цеца: Хит преписка на Светлана Ражнатовиќ се појави на TikTok

ИЗВОРНов Лист
|

На социјалната мрежа ТикТок се појави приватна преписка помеѓу пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и непознат маж.

Имено, младиот човек ја праша Цеца какви цвеќиња треба да и купи на девојката кога одат на состанок, а пејачката со задоволство одговори:

– Хахаха, букет рози секогаш поминува. Среќно – напиша пејачката.Сега се огласи млад човек кој откри како поминал состанокот, но откри дека и Цеца наскоро ќе добие букет рози.

Состанокот помина одлично. Кога се советите во прашање, Цеца никогаш не греши  – напиша младиот човек. Сега тој вели дека следно ќе прати цвеќе и на пејачката.

Останува да видиме дали ова момче навистина ќе се осмели и ќе и испрати рози на најголемата балканска ѕвезда.