Добро прочитајте и запамтете ја оваа приказна, па кога забележите дека некој сака да ве навреди или понижи, направете го ова и ќе излезете од целата ситуација како победник!
Постоел еден монах кај кој по совет доаѓале луѓе од најоддалечените краеви а важел за личност која секогаш е смирена и за човек кој е невозможно да го навредите. За тоа слушнал некој злобник и одлучил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и веднаш штом го здогледал почнал да го навредува и понижува најлошо што можел. Откако останал без навредливи зборови, на момент застанал и вчудоневиден сфатил дека монахот и понатаму е смирен и прибран како и пред неговото доаѓање. Тоа страшно го изнервирало злобникот, па продолжил да пцуе уште полошо од почетокот, но залудно-изгледа дека тоа до мудрецот воопшто не допирало. Кога останал без пцовки и ја изгубил целата енергија, човекот одлучил да му пријде на монархот и да ја дознае неговата тајна.
„Ги разбирам јас тие ваши духовни тајни и како, не ви е грижа што другите луѓе мислат и говорат, но јас те понижив и навредив, треба да научиш дека мораш да се бориш за себе“, му рекол човекот. „Синко, може ли јас да ти поставам само 2 прашања?“-го запрашал монахот проговорувајќи за прв пат. „Секако“, рекол човекот. Ако ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, на кој тој подарок и понатаму му припаѓа“?, запрашал мудрецот.
„Па, ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и понатаму му припаѓа мене“, одговорил злобниот човек. „А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреда а јас не ја прифатам, на кој таа и понатаму му припаѓа?“, заклучил мудрецот, се свртел и си отишол, а злобникот останал во чудо. Никому не враќајте му зло за зло, настојувајте околу добра не само пред Бог, туку и пред сите луѓе. Ако е можно, колку е до вас, имајте мир со сите луѓе.