Пејачката Бранка Соврлиќ (65), која стекна голема популарност во 80-тите и 90-тите години, одамна не се занимава со музика, но со сопругот ужива во стекнатото богатство. Тие двајца се заедно од почетокот на нејзината кариера, а таа признава дека кога сака да ја расположи, најчесто и дава некој скапоцен подарок. Минатата година го доби најновиот Мерцедес.
-Се запознавме, заедно сме од почетокот на кариерата, јас сум неговото бебе. Кога ќе ме изненади, тогаш е добро, ми купи Мерцедес лани. Тој е таков што ми вели: „Имаш пари, земи што сакаш“. Тој е првиот што забележува дека сум тажна.
Бранка иако има 65 години изгледа како тинејџерка и на линија можат да и позавидат и помладите колешки.
– Само позитивна енергија, се трудам да се хранам здраво, некогаш се откажувам од слатки, некогаш би изела две-три парчиња торта, можам да си дозволам. Порано бев шампион на Србија во џудо, играв ракомет во средно, тогаш бев во многу подобра форма од мојата генерација – рече пејачката и додаде дека не направила никакви естетски корекции:
– Естетски корекции, како што гледате, немам направeно. За тоа беа задолжени мајка ми и татко ми, изгледаа навистина добро. Гените се чудо. Не дојдов никаде да не ми даваат комплименти, луѓето се чудат кога ќе ме видат, велат дека сум многу убава по природа. Мислам дека најважно е духовното да му дава убавина на човекот, мислам дека никому ништо лошо не сум направила, ако не сум помогнала, не сум помогнала, имав среќа од детството да имам убав живот на кој секогаш можев да помогнам барем малку. Среќна сум со она што го имам и што го работам, она што го сакам, не е важно само да го имаш, треба и да можеш.