Кога подигнувате изводи од матични книги, внимателно проверете ги податоците уште додека сте на шалтер. Ако подоцна поведете постапка за исправка на личните документи, ќе треба да платите 250 денари за административна такса и за тоа ќе треба да чекате 15-30 дена.
Целата сторија на следниов линк.
Колку месеци пред да ви истече пасошот може да патувате во странство
Сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на пасошот.
Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница. Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.
Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет. Не заборавајте – детските пасоши имаат пократок рок на траење.
Инаку, министерството за внатрешни веќе одреден период почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа.
Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра. Според информациите на МВР досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за оние што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.
Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако истата не се плати во рок од осум дена прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.
Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.