Според податоците на Државниот завод за статистика, во месец октомври, како и претходните месеци, вработените во компаниите кои се занимаваат со компјутерско програмирање, стручните и научни дејности, фармацијата, воздухопловниот транспорт и финансиската дејност ги имаа највисоките плати.
Според овие податоци, во октомври просечната плата била 29.145 денари или е зголемена за 4,5 проценти во однос на истиот месец лани.
Програмерите во октомври просечно заработувале по 73.540 денари месечно, што е за 8,4% повеќе од просекот во октомври лани. Втори на листата се вработените во стручните и научни дејности кои заработувале по 49.352 денари, со зголемување за 19,3%, фармација-производство – 47.933 денари или + 1,7%. Во воздухопловниот транспорт во октомври просечната плата била 45.656 денари или зголемување за 8,4% во однос на октомври лани и во финансиската дејност во октомври просечната плата била 44.995 денари или помали плати за 2,3% во однос на октомври 2020 година.