Драги Ваги, поради Сатурн вие сте прозвани. Старата полузатворена врата ќе се отвори! Некој е веќе пред вас и сака разговор. Дали ќе се впуштите во тој разговор или пак засекогаш ќе ја затворите вратата на некоја ваша стара љубов? Одлуката е ваша!
На Шкорпиите ќе им се врати личност од минатото, личност со која некогаш одамна имале навистина страстен флерт, но сепак тоа во одреден момент завршило. Сега Шкорпиите имаат нова шанса, старата страст со перспектива на нова голема љубов – можноста е тука, но одлуката сепак е ваша.
Јарците вратата од минатото физички ја затвориле. Но, тие со нивните мисли постојано се некако таму. Само еден повик или пак случајна средба може во целост да ви ја наруши благосостојбата. Обидете се да се фокусирате на моменталното време. Минатото е минато, иднината штотуку треба да дојде, а сегашниот момент е тука овој момент – живејте во моментот и одлучувајте паметно зошто шансите секогаш се тука пред вас.