Сите понекогаш имаме епизоди на тврдоглавост, без разлика на кој хороскопски знак припаѓаме. Но, постојат неколку претставници на Зодијакот кои со своето удирање со глава во тврд ѕид се издвојуваат од сите останати. Во некои ситуации, тврдоглавоста може да биде и позитивна особина, на пример кога треба да се донесе некоја важна одлука.
Во други ситуации, оваа особина може да доведе и до неволја, особено кога не се откажуваат од нешто за коешто однапред решиле дека ќе го имаат. Ако се доведат во ваква ситуација, претставниците на тврдоглавите хороскопски знаци треба да се повлечат накратко, да земат воздух и да размислат за своите постапки. Ова се трите најтврдоглави знаци во астрологијата:
1. Бик
Како и самото животно, така и претставниците на знакот Бик можат да бидат претерано тврдоглави, цврсто да се држат до своите ставови и да бидат ограничени од нив. Секоја одлука ја спроведуваат внимателно, за да се осигурат дека од неа ќе произлезе нешто стабилно, вредно за да се врзат за него. Во позитивна смисла, нивната тврдоглавост не им дозволува лесно да се откажат од нештата што не им одат баш добро и инсистираат да се најде решение за сè. Но, понекогаш, треба да се помират и со тоа дека не може сè да биде во најдобар ред.
Тие мораат да ја слушаат својата интуиција и внатрешниот глас и да ги препознаваат знаците кои животот им ги дава, пред да решат тврдоглаво да влезат во борба за нешто. Кога нешто не им се допаѓа или не е по нивно, тие чувствуваат тензија во вратот и грлото. Добро е да погледнат и низ други перспективи на животот, наместо само низ своите.
2. Лав
Лавот е знак со изразена страст кој цврсто држи до своето, но во исто време може да биде и многу тврдоглав, особено ако во неговиот живот се случуваат промени, дури и да се позитивни. Понекогаш, ниту нездравата врска не може да ги натера да заминат, туку тие се трудат да го „поправат“ другиот. Поради тоа, тие можат да бидат навистина лојален партнер, но и понекогаш да се почувствуваат заробени.
Лавот треба да научи да балансира со тврдоглавоста и свесноста, но и да се отвори повеќе за испробување нови нешта, да експериментира и да се ослободи од рутините. На овој начин, Лавовите си отвораат повеќе шанси и можности животот да им биде позабавен.
3. Скорпија
Кога Скорпиите носат некаква одлука, тие се трудат да останат доследни на неа. Посветени се на своите мисли и идеи, а кога имаат поставена цел, лесно ја остваруваат поради нивната посветеност. Спремни се дури и на нездрави компромиси за да задржат некоја врска или пријателство, дури и кога се свесни дека тоа не е добро за нив. Поради тоа, Скорпиите треба да побараат помош од пријател или од партнерот, за да можат да балансираат и да ги дознаат причините зошто се тврдоглави.
Најчесто, со нив владеат желбата за контрола и стравот од промени. Кога Скорпијата ќе сфати што ја предизвикува тврдоглавоста, лесно може да продолжи со нормалниот тек на животот.