Кои се најважните датуми во јули според астролозите?

|

Што нè очекува во јули? Во продолжение прочитајте ги астролошките предвидувања.

Ќе ја препознаеме вистинската можност – Под влијание на енергијата на полната Месечина на 13 јули ќе си поставиме сериозни прашања за иднината. Ќе се чувствуваме неизвесни и несигурни во поглед на работата, но од исклучителна важност е да не дозволиме нашите сомнежи да нè обесхрабрат. На тој начин ќе сфатиме дека секоја криза носи можности и дека среќата ги следи храбрите. Само доколку ги отвориме ширум очите ќе сфатиме дека можностите ни се на дофат на рака.

Ќе ги разрешиме мистериите – На 18 јули Меркур ќе се соочи со Плутон, а нивната енергија ќе нè направи желни за учење и концентрација и ќе нè поттикне да работиме на истражување на емоционални и психолошки теми. Ќе бидеме подготвени да нурнеме длабоко во себе, да ја бараме вистината, иако таа понекогаш боли. Од исклучителна важност во следниот период е да не направиме нешто непромислено, да не предизвикуваме кавги и да не ги повредиме оние кои ни значат.

Ќе имаме можност да бидеме креативни – На 23 јули Сонцето ќе влезе во знакот Лав, а тоа значи дека нè очекува период на големи идеи, романтично расположение и креативна енергија. Ќе имаме чувство дека ништо нема да нè спречи во остварувањето на нашите желби и цели.

Ќе ги откриеме желбите на нашето срце – Нашето срце е она кое знае што е тоа што вистински го посакуваме во животот. Понекогаш му дозволуваме да нè води, понекогаш се плашиме да им покажеме на другите што е тоа што ни значи во животот, а понекогаш ги потиснуваме нашите желби или ги забораваме. Младата Месечина во знакот Лав на 28 јули ќе биде идеално време да го анализираме нашето срце. Доволно е да бидеме храбри и да ѝ се препуштиме на авантурата наречена живот. На тој начин ќе се зголеми нашата самодоверба, но и нашата креативна енергија која ќе нè води кон нови успеси.