Кои се новите министри? Големи промени во кадрите на СДСМ и што се доби Алтернатива

ИЗВОРТелма
|

Според профилите на луѓето кои ќе раководат со неколку клучни институции кои Телма ги има, најодговорна функција  ја добива Беким Сали како министер за здравство. Професионалниот досегашен ангажман му е во стоматолошка приватна ординација, но како ќе се снајде во функционерската улога. Во време на проблеми со струјата пак МЕПСО го добива Орхан Муртезани, поранешен директор на Транспорт и еден од оснивачите на Алтернатива. Најспорен е идниот потпретседател на собранието Хусни Исмаили за кои има кривична пријава од Антикорупциската.

Телма контактираше со 43-годишниот Беким Сали, но вели пред и официјално да е назначен на функцијата Министер за здравство не би сакал да коментира кои се неговите предизвици. Веќе 15 години има своја ординација, а на име на сопругата има атеље за венчаници.  Од јавно достапните податоци за него може да се види дека е член на управниот одбор на клиниката за токсикологија. Обврската за својата имотна состојба веќе ја исполнил па во анкетниот лист во антикорупциската комисија пријавил дека се што има е на родителите, два стана, два деловни објекти во скопје, и два автомобила.

Токму антикорупциската комисија неодамна звучно го направи и името на идниот потпретседател на Собранието Хусни Исмаили, позиција која е отстапена за Алтернатива со договорот за влез во влада. Исмаили сега е пратеник, но ДКСК му поднесе кривична пријава за злоупотреба на положбата додека беше министер за Култура. оцени дека Исмаили како министер потпишал над 100 проекти надвор од финансиските планови кои чинеле 33 милиони денари. Казната За Делото кое го сторил и за предизвиканата штета, според кривичниот законик е минимум 5 години затвор, но тој моментално има и пратенички имунитет. Инаку тој е ревматолог по професија и професор на медицинскиот факултет во Тетово, па поради тоа уште неговото назанчување за министер за култура во 2019 та година беше спорно за многумина.

Џемаил Чупи и Адмирим Алити ќе бидат двајца нови министри од редовите на Алтернатива, Алити за информатичко општество и администрација Чупи без ресор задолжен за дијаспора. Алити доаѓа од позиција директор на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија, кој исто така има пријавено имот во ДКСК, или на родителите или на брат му а негова е само трансакциска сметка со 100 илјади денари на неа.

Даим Лучи ќе биде заменик министер за култура кој е во советничко столче во советот на општина Чаир а неговото име се наоѓа и на листа на донатори на алтернатива за 2020 та со околу 1 000 евра. за заменик министерот за земјоделство абдулшикир абедини не можат да се најдат воопшто никакви податоци додека пак заменикот за образование Лулзим Алиу е професор на педагошкиот факултет од Кичево и е партиски потпредцедател на партијата.

Вчера беа објавени и имињата на неколкумина идни директори од Алтернативата меѓу кои најзвучно е она на Орхан Муртезани, кој ќе биде директор на МЕПСО. Тој е портпарол и меѓу оснивачите на Алтернатива, но и поранешен директор на Железници Транспорт.

Од јавно достапните податоци нема многу за останатите директори. Блерим абази идниот директор на управата за водење матични книги најверојатно моментално е вработен во државниот комунален инспекторат, додека беким емини новиот директор на агенцијата за странски инвестиции сега е помлад пазарен инспектор во гостивар.

Функциите кои ги доби Алтернатива е само за тоа што одлучи да биде дел од актуелното владеачко мнозинство на СДМС И ДУИ и ја зацврсти нивната позиција во собранието во кое сега власта има вкупно 64 пратеници. Уште 40 тина директорски места се договорени меѓу Лидерите Заев и Гаши.

Билјана Николовска