Евгеника Давиташвили била најпопуларна јасновитка на сите времиња, а во бившиот СССР важела за феномен.
Позната е како руска исцелителка, писател, јасновидец и астролог. Евгенија тврдела дека ракот може да се излекува, скршена коска и животот на човекот да се продолжи над 100 години. Евгенија во Русија ја викале Џуна, а во 2015 година починала во Москва и погребана е покрај синот кој починал 2001 година. Нејзините претскажувања останале запаметени како детални и доста точни. Во Русија останала запаметена како историска фигура која никогаш нема да биде заборавена.
Во текот на деведесетите години Џуна била ректор на Универзитет за алтернативна медицина – Коломбо, а нејзиниот живот е обвиен со мистерија. Многумина веруваат дека работела за тајната служба. Џуна тврдела дека не само што е исцелител, туку можела доста јасно да види слика на иднината.
Таа за периодот од 2020 до 2025 година рекла дека светот го очекува глобална катаклизма, но дека не треба да стравуваме од Трета светска војна. Во светот ќе има доста тензии, но иако рекла дека нема потреба да стравуваме од војна, Џуна не негирала од можни локални конфликти.
Иако 2020 година спрема нејзино мислење нема да биде розова, Џуна сметала дека ако единствено се вратиме на традиционалните вредности можеме да доживееме проспритет,
Само неколку дена пред смрта Џуна предвидела пет тешки години откако луѓето ќе го кренат својот глас и ќе настапи време на просперитет.
Спрема нејзино мислење, позитивни промени се можни само ако сите заедно сме во изградба на човековите животни вредности.
извор: vecer.mk