Бунтовната Хазан, злобната Јасемин и психички нестабилната Нил на една маса без интриги и лудата Фазилет, во исто друштво и во прекрасно расположение. Иако на гледачите на популарната турска серија „Ќерките на Фазилет“ оваа комбинација им звучи невозможно, во приватниот живот на актерките таа реалност.
Дениз Бајсел, Хазал Туресан и Тугба Мелис Турк со парнерите на роденденска забава кај заеднички пријател. Актерките приватно се дружат и се во супер односи иако во серијата се лути непријателки.
Улога која ја игра Хазан е повлечена девојка која сиромаштијата и лошиот живот ја тераат само да ја зачува својата чест, онаа на мајка си и семејството.
Инаку, Дениз е родена 1991 година, а од своја 10 годишна возраст оваа турска убавица е на театарската сцена во Измир.
Таа исто така досега работела и како учителка по глума, а со актерство почнала сериозно да се занимава откако нејзината професорка ја натерала на тоа.
Во ноември 2018 година таа се свршува со својот избраник Барис Јутчу кој е пејач во турската група „Колпа“.
Нивната свадба ќе се случи претстојното лето, а вака изгледаа на свршувачката кога ги разменија прстените.