Кој да му каже на ова верно куче дека газдата никогаш нема да се врати?

ИЗВОРСкопје24
|

Две и пол години овој пес го чека газдата на местото каде што се разделиле, кога газдата заминал во Белград на лекување и веќе никогаш не се вратил. Кутрото куче останало крај патот, на селската автобуска станица во селото Влахиња кај Крушевац, иако многумина сакале да му помогнат и да го вдомат. Тоа секогаш бега и се враќа на болното место.

Во меѓувреме, од Белград стигнал абер дека газдата повеќе никогаш нема да се врати бидејќи лекувањето не завршило успешно.
Жители на околните села му изградиле куќичка, редовно го посетуваат и го хранат, ќе си поиграат со него, но тој сите ги ипраќа и останува да го чека газдата.

Се претпоставува дека е дресиран пес, кој чувал овци, крави или живина.

Видеото погледенте го ОВДЕ.