Кој е Данкан Лоренс, победникот на Евровизија?

ИЗВОРСкопје24
|

Данкан Лоренс е победник на 64-то издание на Изборот за Песна на Евровизија. Во вчерашниот натпревар за Песна на Евровизија во Израел, триумфира најголемиот фаворит од Холандија.

Данкан де Мор е роден 1994 година и е познат холандски пејач и победник на песна за Евровизија 2019 година. Музичката кариера ја започнал како тинејџер во Рок Академијата во Тилбург каде пеел во бројни школски бендови. На широката музичка јавност во својата земја и постана познат како еден од учесниците на петтиот музички талент The voice of Holland кој се одржуваше во другата половина на 2014 година.

Холандската државна телевизија го избра Данкан Лоренс по пат на интернет, за претставник на Холандија на Евровизија во Тел Авив, каде ја однесе победата.

Холандскиот претставник е деклариран бис*ксуалец.
– Јас сум повеќе од уметник. Јас сум личнoст, јас живеам како бисекс*алец, јас сум музичар и се залагам за конкретни работи. Горд сум што можам да покажам кој сум всушност јас – изјави Лоренс во едно интервју.

За Холанѓанецот Данкан Лоренс и неговата балада „Аркаде“ во обложувалниците се прогнозирани 43% шанси за победа.

Македонската претставничка Тамара Тодевска заврши на осмото место во финалната вечер за Песна за Евровизија во Израел.