Актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на СДСМ.
Кој е Николовски ?
Дипломиран на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје и има положено правосуден испит.
За време на своето политичко и професионално усовршување, Николовски се стекнал со диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа.
Николовски има сертификат за овластен застапник за заштита на правата од интустриска сопственост пред ДЗИС 2012.
Тој е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Во својата политичка кариера во февруари 2014 година е именуван, за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во период од 2009 – 2011 година работи како адвокат.
Негова специјалност се човечки ресурси и деловно право.
(Видео) Николовски: Ќе работиме на силна контрола во партијата
Новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, најави дека одговорност ќе се бара и од актуелни градоначалници, локални функционери и директори.
„Ќе работиме на силна контрола во партијата за спроведување на ветената програма. Во следниот период што доаѓа кога ќе бараме отчет од сите избрани функционери од локалната власт, од градоначалници, од директори, ќе гледаме до каде се со реализација на ветувањата. Можам да гарантирам дека ќе работам по систем на отчетност, на одговорност и посветеност, убеден сум дек СДСМ заедно со колацијата е сигурен победник на следните парламентарни избори“, рече Николовски.
И претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека има слабости кај локалната власт, кај градоначалници и кај директори за кои најави смени и одговорност.