Кој е најповолниот, а кој е денот на кој треба да внимавате овој февруари?

|

Според рускиот астролог Галина Јанко два дена во февруари ќе бидат под посебно влијание на ѕвездите и на планетите. Еден од нив носи позитивно, а другиот негативно влијание.

Поволен: Среда, 16.02.2022

Полна месечина, одлично време за гледање напред. Ова ќе биде астролошката пауза која на сите ни е потребна и ќе ни помогне да се вклопиме во периодот што следи во пролетта. Оваа топла енергија ќе ја поттикне креативноста и ќе ни овозможи да се вратиме на едноставните задоволства – сето она што не прави да се чувствуваме безгрижни.

Неповолен: Петок, 18 февруари 2022 година

Доколку сакате и барате љубов оваа година, 18 февруари е време за претпазливост. Она што се случува во периодот на Водолија ќе не натера повторно да ги погледнеме нашите обврски и врски. Ќе има огромно енергетско поместување кон романса, но во исто време земајќи ги предвид традицијата и одговорноста.