Еве кој е новиот сопственик на „Преспав“ (видео)

|

Неодамна на првиот канал на МРТ започна да се емитува четвртата сезона од серијата „Преспав“, а веќе во пансионот владее позитивно лудило.

Уште на почетокот, Преспавци успеа да ја насмејат публиката и да го задржат нејзиното внимание, а веќе со нетрпение се очекува следната епизода.

Во третата епизода наречена „Цимерки“, Јелена од Драчево доби нова цимерка Исаура која дојде да им го „поремети“ мирот и редот на станарите во Преспав.

Исто така се бираше и новиот сопственик на „Преспав“, како и членовите на новиот одбор. Имено, новиот газда на „Преспав“ е Миле Бузалевски.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Улога на Миле ја игра македонскиот актер Игор Џамбзов кој во четвртата сезона ќе биде главниот раководител на пансионот.  Како Миле како сопственик ќе се снајде со сите згоди и незгоди останува да видиме.

Во продолжение погледнете ја епизодата.

За потсетување, со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.